Нападнат малолетник во паркот „Жена борец“

Едниот од сторителите со закана и употреба на нож го расекол во пределот на раката и му го одзел мобилниот телефон, по што побегнале во непознат правец.  Повредата му била санирана на местото на настанот од екипа на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.