Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, денеска бил физички нападнат во центарот на Скопје, дознава Нетпрес.
Заради здобиени телесни повреди, Милевски заминал во болница.
Случајот бил пријавен во полиција.
Официјална информација и потврда за настанот добивме и од МВР.
Во 16.30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштадот „Македонија“ бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, посочија од МВР.