Нападнат ученик во Куманово

На 21.02.2014 година во 23,30 часот во ПС од ОН Куманово,Т.С.(1973)од Куманово пријавила дека истиот ден нејзиниот малолетен син Т.А.(1997), враќајќи се од училиште на ул. ,, Народна Ревулуција“ пред ОУ„Крсте Мисирков“ во Куманово од страна на А.М., А.Б. и М.Ц. сите од Куманово, ученици во наведеното ОУ, без повод и причина физички бил нападнат во пределот на лицето и телото, по што еден од напаѓачите извадил нож за да го нападне, но оштетениот успеал да побегне.

СВР- Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.