Нападната кандидатка на иницијативата „За наше Куманово“

Кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, на денешната прес-конференција информираше дека жена кандидат за советник од оваа граѓанска иницијатива Христина Алексовска е нападната од страна на кандидатот за советник од редовите на СДСМ Момир Петрушевски, а случајот е пријавен во МВР.

– Насилствата не престануваат! Додека кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски се слика со транспаренти за против насилство врз жени во политика, во исто време кандидат за советник од СДСМ Момир Петрушевски извршува насилно однесување врз кандидатка за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Вчера, на 24.10.2021 околу 19:00 часот, во влез на зграда на бул. „Октомвриска револуција“, на нашата кандидатка за советничка Христина Алексовска на сила и е одземен пропаганден материјал од раце од страна на Момир Петрушевски кандидат за советник на СДСМ и истиот е демонстративно уништен. Случајот е пријавен во МВР – посочи Павловски.

Вчера, обвинување за насилство испратија од спротивниот табор.