Нападната претседателската резиденција во Могадишу

Најмалку петмина добро вооружени лица денеска ги нападнаа чуварите на претседателската палата во Могадишу, што се чини како обид за заземање на комплексот, изјави полицаец од Сомалија.

– Безбедносните сили го одвратија нападот и убија најмалку тројца напаѓачи, додека  размената на оган продолжи во околината, изјави капетанот Мохамед Хусеин.

Хусеин рече дека двајцата напаѓачи се префрлиле на хотелскиот паркинг во близина и дека не успеале да влезат во хотелот.