Нападната шумска полиција во прилепско

Вчера околу 19,00 часот во Прилеп, на м.в.Раскрсница – рудник „Сивец“, над вештачкото езеро , шумска полициска служба во состав од шумските полицајци Т.М., В.А., С.Г. и К.М. биле спречени при вршење на службените дејствија физички биле нападнати, при што на Т.М. и А.В. им биле нанесени ТП.

Имено, додека службените лице управувале службено ПМВ „Лада Нива“ и вршеле службени дејствија – контрола на патен правец Прилеп – Дервен и Дервен – Никодин,ПМВ „Лада“, со непознати рег.таблички, застанало пред нивното возило, со што им го попречиле и оневозможило движењето на патот.

Четворица шумски полицајци излегле од возилото и во истиот момент од другото ПМВ излегле осум машки засега непознати лица, кои физички ги нападнале. Шумскиот полицаец А.В. од едно одлицата бил удрен со рачка од секира во левиот заден слабински предел од телото, по што истиот паднал на земја и со цел да го одбие нападот, испукал еден истрел од својот службен пиштол „ЦЗ“ кал. 7,62мм, заради заплашување, по што лицата престанале со нападот и си заминале.

ПС-Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите.