Нападнати докторите на Инфективната во Штип од роднина на пациенти

Тројцата инфектолози и медицински персонал, кои секојдневно се борат со коронавирусот и напливот на пациенти во регионалниот ковид центар во Штип трпат и вербални закани и навреди од роднини на пациенти. 29 годишен штипјанец сакал насилно да влезе во одделението, каде што од коронавирусот се лекувала негова роднина. Во обидот бил спречен, а кон вработените се однесувал и агресивно. Случајот веднаш е  пријавен од еден од здравствените работници. По неколку часа во полицијата пристигнала и пријава од страна на дежурната лекарка, која исто така пријавиле дека лицето Х.Х агресивно се однесувал, но и упатувал навреди и закани. Ова е прв инцидент на штипското Инфективно од почетокот на пандемијата. Насилникот ќе заработи кривична пријава за загрозување на сигурноста на службено лице на работно место. Во моментов на ова одделение се лекуваат 57 пациенти, а четворица од Кочани и радовишкиот регион починаа во овој ковиод центар. Инфектолозите сметаат дека есенскиот бран е посилен за разлика на почетокот на пандемијата.

14 пациенти се во критична, а на 20 им е потребна кислородна поддршка. Во моментов болницата се справува со напливот на пациенти на инфективното и кожно одделение, а денеска до нив и до општина Штип стигнал допис од Министерството за здравство со кој се  бара да се направат подотвителните активности за поставување на модуларната болница. Таму треба да има доплнителни 42  кревети.