Нападнато обезбедувањето на ГОБ „8 Септември“

525

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје во вторникот во 13,40 часот, обезбедувањето од агенција за обезбедување физички било нападнато од повеќе лица, кои биле со две возила, од кои едното „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, по што избегале.

По кратко време, од страна на полициски службеници, возилото „БМВ“ било запрено на подрачјето на полициската станица на Бит пазар, при што е приведен М.Р. (27) од скопското село Батинци, додека другите две лица со непознато возило избегале.

Во ГОБ „8 Септември“ лекарска помош побарале лицата А.Л. (30), Е.К. (27), С.А. и А.Л., сите вработени во агенција за обезбедување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.