Нападнато обезбедувањето на хотелот во кој престојува Путин, видео од неговото прво ракување со Трамп (ВИДЕО)

 

Медиумите кои известуваат од самитот на челниците на двасетте најразвиени земји Г20 од германскиот град Хамбург, известија рано претпладнето дека било нападнато обезнедувањето на хотелот во кој е сместен рускиот претседател Владимир Путин,

Засега нема доплнителни информации за оваа вест, ниту официјална потврда од полицијата на Хамбург.

Весникот Bild јаува дека во истиот хотел се сместени и премиерот на Австралија Маклолм Тернбул и јужнокорејскиот претседател Мун Че-ин. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за агенцијата РИА изјавил дека руската делегација не е известена за наводниот напад.

Претходно беше објавено за нови судири меѓу антоглобализациските и демонстрантите од радикалната левица кои протестираат против Г20, при што полицијата била нападната со Молотови коктели. Во обновените судири во петокот веќе бројот на повредените полицајци се искачи на 130.

Во меѓувреме на социјалните мрежи е објавено видеото од првото ракување меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега по должност Доналд Трамп.

Станува збор за момент веднаш по „фамилијарното“ фотографирање кога челниците кусо разговараат меѓусебе.

Трамп кусо пред заедничкото фотографирање на сите учесници на самитот изјави дека со нетрпение ја очекува својата пра директна средба со Путин.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.