Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси не е случаен, тврди полицијата во Сан Франциско

Нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во нивниот дом во Сан Франциско не бил случаен, соопшти полицијата.

-Тоа не беше случаен акт. Тоа беше намерен напад, изјави синоќа на прес конференција началникот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, одбивајќи да ги коментира можните мотиви за нападот.

Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше „насилно нападнат” по упадот во нивниот заеднички дом.

Според некои информации, напаѓачот во нивната куќа упаднал со чекан и притоа извикал „каде е Ненси”, сугерирајќи на тоа дека лидерката на Претставничкиот дом всушност била првата цел на нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.