Напаѓач уби 14 лица по грабнување автобус во Пакистан

Вооружен напаѓач убил 14 луѓе откако грабнал патнички автобус во југозападен Пакистан, објавија во четвртокот локлани медиуми.

Четири локални телевизиски станици објавија дека патничкиот автобус од Карачи за Гавадар исчезнал во четвртокот од автопатот кој ги поврзува двата града.

Објавија дека преживеаните ја информирале полицијата дека напаѓачот селективно ги убивал патниците откако ги утврдувал нивните идентитети. Засега не е јасно врз каква основа поради што напаѓачот ги бирал своите жртви.

Во Балучистан, кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации, како и локални сепаратисти кои бараат независност.

Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Од минатото лето повторно се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт. Чести цели на нападите се шиитските муслимани и христијаните.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.