Напаѓачот во Хамбур е психолабилен Палестинец

© Markus Scholz/dpa via AP

Напаѓачот кој во петокот во Хамбург со нож усмрти едно и повреди уште пет лица, на властите им бил познат како исламист, но и како психички лабилно лица кое дејствувало само, соопштија властите на прес-конференцијата во саботата.

„Во моментов сметаме дека станува збор за еден извршител со лабилно психичко здравје“, изјавил министерот за внатрешни работи на хамбуршката покраина, Анди Гроте.

Истакнал, исто така, дека напаѓачот, а станува збор за Палестинец роден во Обединетите Арапски Емирати“, бил заведен во датотеките со имињата на осомничените и изјавените исламисти, но не бил сметан за „акутно опасен“.

Според медиумите, кои се повикуваат на очевидци, напаѓачот пред нападот држејќи го подигнатиот нож извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем), но полицијата сѐ уште не го потврдува тоа.

Иако се зборува за „верски побуди“ при нападот, во кој во петокот попладнето извршителот во една самопослуга во хамбуршкиот кварт Бармбек усмртил 50-годишен мак и повреди уште пет лица, полицијата води истрага во сите насоки.

Како што беше соопштено, 26-годишниот извршиле во Германија поднел барање за политички азил, кој му е одбиен. Претходно престојувал во Норвешка, Шведска и Шпанија. Против него била покрената мерка за протерување, којашто не можела да биде извршена, бидејќи не поседувал патни исправи.

Градоначалникот и премиер на сојузната покраина-град Хамбург, Олаф Шплц, го критикуваше фактот дека многу лица коишто немаат право на престој во Германија не можат да бидат протерани поради тоа што не поседуваат патни исправи.

„Ова покажува дека мораме во најкус можен рок да ги отстраниме овие правни и практични препреки кои ги спречуваат протерувањата“, изјавил Шолц.

Полицијата уште во петокот извршила претрес во сместувањето за бегалци во кој живеел напаѓачот, но не е прогласено дали во оваа акција е пронајден каков и да е доказен материјал.

Политичар од Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, и еден од најжестоките внатрешно политички противници на нејзината бегалска политика, Волфганг Босбах, изјави за весникот Helibronner Stimme дека хамбуршкиот напад покажува неопходност од построги контроли на германските граници.

„Мораме итно да започнеме со консеквентна забрана за влез во земјата на сите лица кои преку трети земји и без патни исправи влегуваат во Германија. Ние мораме да знаеме кој ни влегува во земјата“, вели Босбах.

Некои политички аналитичари проценуваат дека по хамбуршкиот напад темата на безбедноста и бегалците повторно може да стане тема на предизборната кампања за парламентарните избори кон крајот на септември, што може да ѝ наштети на Ангела Меркел, и да оди во полза на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.