Напаѓачот во синагогaта во Сан Диего осомничен и за подменување пожар во џамија

Деветнаесетгодишниот Џон Ернест кој ѝ се предал на полциијата по нападот на синагогата во близина на Сан Диего е под истрага и за подметнување пожар во џамија кон крајот на март, пренесува во неделата Reuters повикувајќи се на канцеларијата на шерифот на округот.

Во пукањето врз верниците во саботата претпладнето по локално време во синагогата „Чабад“ во местото Паувеј близу Сан Диего е убиено едно женско лице, а три се ранети, вклучително и рабинот на храмот. Момчето пукало од полуавтоматско оружје врз верниците кои се собирале на обредот по повод еврејскиот празник Пасха.

По апсењето и идентификувањето, утврдено е дека станува збор за „автор“ на манифест кој тврди дека минатиот месец подметнал пожар во блиската џамија, инспириран од австралискиот напаѓач кој на Нов Зеланд претходно во март во напад на две џамии уби 50 верници.

Шерифот на округот Сан Диего, Бил Гор, изјавил дека Федералнот биро за истраги (FBI) го истражува „можното учество“ на Ернест во подметнувањето пожар во мугрите на 24-ти март во Исламскиот центар во Ескондидо, 24 километри северно од Поувеј. Во овој пожар, за среќа, немаше жртви. Ернест немал криминално досие, потврдил шерифот.