Напаѓачот врз Тодоров бил дел од „Шарената револуција“ на СДСМ

Инциденот се случи околу пладне во четвртокот пред влезот на Министерството за здравство, кога досегашниот министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, влегуваше во министерството за да го изврши вообичаеното промопредавање на должноста.

За среќа Тодоров е надвор од животна опасност.  Лицето коешто се обиде да посегне по неговиот живот беше веднаш совладано.

Обид за убиство на поранешниот министeр за здравство и екс вицепремиер. Тоа го сторил Љупчо Стојановски, 57 годишен граѓанин на Велес кој веднаш е приведен од страна на полицијата, објави Вест.

Според првичните информации, Стојановски бил дел од Шарената револуција на СДСМ.