Напиток од магдонос кој ги топи килограмите

Доколку сакате за кратко време да се ослободите од вишокот на килограми, пробајте едноставен и природен напиток, кој е здрав и ефикасен во борбата против мастите.
Потребно ви е само парче од магдоносот, лимон и чаша вода и за пет дена може да намалите три килограми, се разбира ако се придржувате на правилата.
Магдоносот кој е нискокалорична намирница, ситно исечкајте го или пак најдобро ставете го во блендер, лимонот исцедете го, па се заедно прелијте со вода. Науто на празен желудник, испиете го овој сок и така повторувајте ја постапката во наредните пет дена, а потоа направете пауза 10 дена.
После тоа можете да продолжите со истото темпо.
Напитокот помага за согорување на калориите, го храни телото со витамини и минерали, а магдоносот го подобрува варењето на храната и овозможува брзо да се ослободите од вишокот течности во организмот, така што ќе се чувствувате поубаво и полесно.
Интересен е фактот што оваа „тревичка“ содржи повеќе витамин Ц, од портокалот, а само 100 грама има дури 4.2 милиграми железо и 220 милиграми калциум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.