Напладне тргнува хуманитарниот конвој за Србија

Постојано пристигува нова помош во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток за настраданите во поплавите во Србија, а претставниците и волонтерите на Црвениот крст непрестано пакуваат кутии со собраните хуманитарни средства.

Грѓаните на Македонија уште еднаш ја покажаа хуманоста на дело.  Се донираа огрмнии количини на флаширана вода за пиење, храна, сокови, облека, бебешки производи, ќебиња. Исто така, собрани се и средства за лична хигиена, тоалет, влажни марамици, пелени, пасти за заби, шампони и детски играчки.

Од Црвениот крст се задоволни од текот на хуманитарната акција. Оттаму упатија пофалба за вчерашната граѓанска иницијатива на плоштадот „Македонија“ и најавија дополнтелна помош следниве денови.

Освен собраните хуманитарни средства, Македонците  на загрозените во Србија  им пружаат и морална поддршка и преку индивидуал интересни пораки и цртежи кои ги ставаат во пакетите со донациите.

Четири камиони се веќе пратени, а во 12 часот се очекува нов конвој со хуманитарна помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.