Напнато во Подгорица: Демонстрантите тргнале кон Владата, полицијата употребува солзавец

Црногорската полиција денеска се судрила со група демонстранти кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон кај зградата на Владата во Подгорица.

Демонстрантите фрлале камења кон полицијата која возвратила со солзавец.

Во протестите е повреден најмалку еден полицаец, а во тек е судир на демонстрантите и полицијата во паркот Његош.

Тамошните медиуми јавуваат дека на улиците има големи камења, кои ги фрлале демонстрантите.

На местото на судирите пристигнале и специјални полициски единици. Протестот бил организиран од фејсбук групата „Револуција во Црна Гора- сите на улица“.

Оваа група претходно најавуваше дека ќе организира протест пред зградата на црногорскиот парламент во Подгорица, каде што ќе бараат смена на актуелната власт, по пример од настаните во Босна и Херцеговина.