Наполи ќе биде новиот клуб на Лоренте

19

Шпанскиот напаѓач Фернандо Лоренте најде нов клуб- италинскиот Наполи.

Оваа вест ја потврди добро информираниот италијански новинар Џанлука ди Марцио, кој наведува дека Наполи веќе ги договорил условите за трансфер, кои официјално ќе бидат објавени утре.

Наполи го донесува Шпанецот во своите редови како алтернатива, откако не успеаја да го ангажираат напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој беше нивна прва желба во текот на целиот преоден рок.

Инаку, Шпанецот, кој е слободен играч откако неговиот договор со Тотенхем истече на крајот на минатата сезона, веќе играше во Серија А во својата кариера, и тоа за идниот ривал во Италија, Јувентус. Договорот со Наполи ќе биде потпишен на две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.