Наполи ги испушти бодовите кај Сасуло, Милан подобар во Џенова

Sassuolo vs SSC Napoli at Mapei Stadium in Reggio Emilia, Italy, 1 December 2021. ANSA / SERENA CAMPANINI

Водечкиот тим во италијанското фудбалско првенство Наполи во мечот од 15-то коло на гостувањето кај Сасуоло испиушти водство од два гола и ремизираше со резултат 2:2, а Милан со 3:0 беше убедлив на гостувањето кај Џенова.

По првиот дел кој заврши без погодоци, Наполи за помалку од десет минути поведе со 2:0, со головите на Фабијан Руиз во 51 и Дрис Мартенс во 59 минута и се чинеше дека ги обезбеди трите бода. Но Џанлука Скамака намали во 71 минута, а Џан Марко Ферари во 89 минута изрмани на 2:2. Домашните дури во судиското продолжение преку Грегоар Дафрел направија и резултатски пресврт, но по интервенцијата на ВАР голот беше поништен поради прекршок над Рахмани.

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас го одигра второто полувреме, кога го замени напаѓачот Лоренцо Инсиње.

Наполи остана на врвот на Серија А со 36 бодови, а Сасуоло се проби на 11-то место со 19 бодови.

Киксот на Наполи го искористи Милан со гостинската победа против Џенова. Триумфот на „Росонерите“ го најави Златан Ибрахимовиќ со одличен слободен удар од 25 минута во 10 минута, а го потврди Жуниор Месиас во првата минута од судиското продолжение на првото полуврем и во 61 минута.

Милан сега со 35 бодови му се доближи само на бод заостанување на Наполи, додека Џенова остана на 10 бодови на 18-то место кое води во доигрувањето за опастанок.

Интер без поголеми проблеми со головите на Роберто Галардини во 36 и Лаутаро Мартинез од пенал во 58 минута на домашен терен ја совлада Специја.

Интер се задржа на третата позиција сега со 34 бодови и очекува кикс на водечката двојка, додека Специја со 11 бодови е 17-та.

Болоња пред своите навивачи со голот на Матијас Сванберг во 35 минута со прецузен удар од повеќе од 20 метри дојде до победата против Рома. Осмата Болоња сега има 24 бодови, како и шестата Фиорентина и седмиот Јувентус, додека петтата Рома има само бод повеќе.