Наполи го доби дербито, великаните Јуве и Милан посрамени дома

Italian Serie A soccer match SSC Napoli vs AS Roma at ' Diego Armando Maradona' stadium in Naples, Italy, 29 January 2023 ANSA / CIRO FUSCO

Фудбалерите на Наполи направија уште еден чекор кој освојувањето на титулата во италијанската Серија А, третата во клупската историја а прва по 33 година, откако во неделата вечерта со 2:1 пред домашните навивачи ги добија дербито со Рома во рамките на 20-то првенствено коло во кое македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ги одигра последните 25 минути.

Наполи поведе во 17 минута со голот на најдобриот стрелец сезонава во италијанската лига Виктор Осимен. Тој нан гради ја смири топката и потоа со силен удар од шест-седум метри ја закова во гостинскиот гол. На 1:1 израмни Стефан Ел Шаравви во 75 минута кога одлично влета на втората статива на нафрлувањето на Залевски. Но големата радост на стадионот „Диего Марадона“ ја донесе во 86 минута Џовани Симеоне со одличен удар од 15-ина метри на кој немоќен беше Руи Патрисио,

Со оваа победа Наполи дојде до 53 бода, 13 повеќе од второпласираниот Интер, а следат Лацио и Аталанта со по 38 бодови колку што има и петтиот минатогодишен шампион Милан, а Рома остана на шестото место со 37 бодови.

Претходно во Милано односно Торино италијанските и европски великани доживеаја понижувачки порази на домашен терен.

Дебитантот во Серија А, тимот на Монца со 2:0 славеше на гостувањето кај Јувентус, со резултат постигнат уште во првиот дел од мечот. Стрелци за гостите Патрик Чјурија во 18 и Дани Мота вво 39 минута.

Со овие три бода Монца го мина Јувентус на табелата, сега е 11-ти со 25 бодови, два повеќе од 12-от Јувентус кој пред две седмици беше казнет со одземање на 15 бодови поради финансиски неправилности при трансферите на играчите.

Изненадувачката победа на Монца беше најавена претходно кога во првиот неделен натпревар Сасуоло на милански „Сан Сиро“ го надигра сѐ уште актуелниот првак Милна со дури 5:2.

Гостите поведоа во 19 минута со голот на Грегоар Дефел а водството по две минути го удвои Давиде Фратеси. Домашните брзо намалија на 1:2 во 24 минута преку ветеранот Оливие Жиру, а Сасуоло до одморот повторни отиде на „плус два“ (3:1), со голот на Доменико Берарди во 30 минута.

Надежите на домашните навивачи за можен пресврт ги потона на самиот почеток од вториот дел, Арманд Лориенте кој во 47 минута реализираше пенал по прекршокот на Давиде Калабрија. Дебаклот на „Росонерите“ го запечати во 79 минута, Матеус Енрике, а Милан го ублажи поразот во 81 минута со голот на Дивок Ориги.

За Сасуоло ова се три многу значајни бодови во борбата за опстанок, непланирани но освоени против тотален фаворит и тоа на неговиот терен, и сега е 16-ти со 20 бодови сега осум повеќе од зоната на испаѓање.

Лацио на домашниот „Олимпико“ поведе во 8 минута со голот на Николо Касале против Фиорентина за кој израмнувачкиот погодок за конечните 1:1 го постигна Николас Гонзалес, па сега неговиот тим е 12-ти на табелата со 24 бодови.

Во понеделник колото ќе го заокружи дуелот меѓу Удинезе и Верона.