Наполи го урна Јувентус, римското дерби без победник

Фудбалерите на Наполи на својот стадион „Сан Паоло“ го победија актуелниот шампион Јувентус со 2:1, додека второто неделни дерби, големиот римски судар на Рома и Лацио заврши без победник 1:1.

Победата на Наполи му ја донесоа Пјотр Зелински со голот во 63 минита, и Лоренцо Инсиње четири минути пред крајот на регуларните 90 минути, а Кристијано Роналдо успеа само да намали на 1:2 во судиското продолжение.

Наполи со ваа победа ја прекина низата од три последователни првенствени порази, но и серијата од дури шест домашни натпревари без победа. Последната победа на „Сан Паоло“, Наполи ја оствари на 19-то октомври против Верона, а во следните шест меча дома освои само два бода.

За Јувентус ова е првиот пораз по петте победи во серија, и само втор сезонава.

Рома беше условно домаќин на римското дерби во кое поведе со голот на Един Џеко во 26 минита, а израмни Франческо Ачерби во 34 минута.

Лацио со овој резултат ја прекина низата од 11 победи, но ја продолжи серијата без порази на дури 15 натпревари. Рома, пак, остана на само една победа во последните четири кола.

Интер и трето коло со ред одигра без победник, откако на својот „Сан Сиро“ одигра 1:1 со Калјари и ја пропушти шансата разлигата зад Јувентус да ја намали на смо еден бод. Интер поведе со голот на Лаутаро Мартинез во 29, но Раџа Наинголан израмни во 78 минута со удар од далчина и голема среќа.

За Интер ова беше третото реми со резутлат 1:1 во низа, по Аталанта дома и Лече на гости, со што зад Јувентус заостанува три бода.

Верона со 3:0 го совлада Лече, продолжувајќи ја серијата добри резултти. Верона веќе пет кола е без пораз, впишувајќи притоа три победи и две реми. Стрелци за Верона беа Павел Давидович во 19, Матео Песина во 34 и Џампаоло Пазини во 87 минута од пенал.

Сампдорија и Саусуоло одиграа без голови, а Парма со 2:0, благодарејќи најмногу на Деан Кулушевски, кој и го постигна вториот погоодок, го совлада Удинезе.

Јувентус води на табелата со 51 бод, Интер е втор со 48 бодови, додека Лацио е на третото место со 46 бодови и натпревар помалку. Рома е четврта со 39 бодови. Наполи напредуваше за три позиции и сега е десетти.