Наполи извлече реми дома со Рома, Милан со многу пресврти до трите бода со Сампродија

Во последниот неделен наптревар од десеттото коло на италијанското фудбалско првенство, Наполи и Рома на „Сан Паоло“ ги поделија бодовите откако, гостите беа во водство повеќе од 75 минути.

Гостите во водство ги динесе во 14 минута снаодливиот Ел Шарави, а остатокот од натпреварот мина во постојани напади на домашните кои успеаја да израмнат дури во 90 минута преки Дрие Мартенс.

Второпласираниот Наполи сега има 22 бодови, шест помалку од водечкиот Јувентус, но три повеќе од третиот Интер кој во понеделник гостува кај Лацио. Рома е во групата од пет екипи со по 15 бодови од петтото до деветтото место на табелата. Во понеделник вечерќе се одигра дербу дуелот меѓу Лацио и Интер, по што ќе се знае распоредот на челните позиции во Серија А по десетте одиграни кола.

Претходно во неделата фФудбалерите на Милан во дуелот на својот „Сан Сиро“ ја победија Сампдорија со 3:2, по неколкуте резултатски пресврти.

„Росонерите“ поведоа со голот на Кутроне во 17 минута, но Сапонара во 22 и Кваљареала во 31 минута направија пресврт во полза на гостите, а до крајот на првото полувреме Игуаин успеа да израмни во 36 минута, Во продлжувањето Милан дојде до бодовите со прецизниот удар на Суса во 62 минута.

Малан сега е седми со 15 бодови колку што има и шестата Сампдорија, а ист број бодови имаат и петтата Фиорентина и осмото Сасуоло.

Калјари со 2:1 беше подобар од Киево. Калјари имаше сигурно водство постигнато преку Паволети во 15 и Кастро во 59 минута, додека Степински во 79 намали за конечниот резултат. Калјари сега е 11-ти со 13 бодови, а Киево уште не е излезен од бодовиниот минус и без ниедна победа и две нерешени средби уште отсега е најсигурниот патник во Серија Б.

Удинезе во првиот неделен меч одигра 2:2 кај Џенова. Џенова двапати беше во водство, преку Ромул од пенал во 31 и Ромеро во 67 минута, но гостите израмнуваа преки Ласања во 65 и Де Паул во 70 минута. Џенова е деветта со 14 бодови, а Удиензе е 16-ти со девет бодови.