Наполи ја потопи Рома на „Олимпико“

ANSA/ANGELO CARCONI

Во дербито од 29-то коло на италијанското фудбалско првенство Напили во Рим ја совлада Рома со 4:1 зацврстувајќи се на втората позиција на табелата.

Фудбалерите на Наполи одиграа одлично и сосема заслужено ги однесоа трите бода од „Олимпико“, а ова беше трета последователна победа на наполитанците во Рим.

Гостите поведоа уште во втората минута со голот на Аркадиуш Милик, а во последните моменти од птвото полувреме од пенал израмни Диего Пероти. Во продолжението следеше целосна доминација на гостите кои уште треипати го совладаа Робин Олсен, а стрелци беа Дрис Мертенс во 49, Симоне Верди во 54 и Амин Јунес во 81 минута.

Наполи е втор на табелата со 63 бодови, 15 помалку од водечкиот Јувентус, а 10 повеќе од третиот Интер кој има меч помалку. Рома, пак, остана на шестото место со 47 бодовидва повеќе од Сампдорија и Лацио, меѓутоа градскиот ривал има и два натпревара помалку.

Фиорентина и Торино ремизираа со погодоците на Џовани Симеоне во 8 минута за домашните, и Даниеле Басело во 35 минута за гостите.
Фиорентина е осамена на 10-то место со 38 бодови, а Торино е место погоре во групата три екипи со по 45 бодови кои ќе се обидат да се пласираат во Европската лига.

Франческо викари постигна погодок во 14 минута од дуелот со кој му донесе вредна гостинска победа на СПАЛ кај Фросиноне, кое остана на претпоследното 19-то место со 17 бодови, седум помалку од 18-та Болоња позиција која води во плеј-оф за опстаник и осум помалку од 17-от Емполи на местото кое гарантира опстанок. СПАЛ сега е 15-ти со 29 бодови.

Во првиот неделен меч Аталанта на гостувањето кај Парма забележа вредна гостинска победа од 3:1. Домашните поведоа уште во осмата минута со голот на Жервињо, но во 24 минута израмни Марио Пашалиќ. Во 75 минута Даниелл Запата ги доведе гостите во водство а истиот играч во четвртата минута од судиското продолжување ја потврди победата на тимот од Бергамо.

Аталанта со победата дојде до 48 бодови и на петтото место на табелата, три помалку од Милан кој ја држи четвртата позиција, последната која води во Лигата на шампионите. Парма моментално е 13-та со 33 бодови.

Вечерва во Серија А се играат уште натпреварите Болоња – Сасуоло и второт дербио на колото меѓу Интер и Лацио.