Наполи ќе мора да се задоволи со Евер Бенега

29

Италијанскиот калчолигаш Наполи, најверојатно ќе биде следната дестинација на аргентинскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Валенсија, Евер Бенега.
Италијанските и шпанските медиуми се убедени дека најавениот трансфер ќе биде реализиран во следните неколку дена, а од продажбата на одличниот играч за врска, Валенсија очекува заработувачка од најмалку 10 мил. евра.
Освен популарните “азури”, голем интерес за поранешниот фудбалер на Бока Јуниорс покажаа и раководните лица на Арсенал и Јувентус, но двата клуба беа подготвени да одвојат околу 6 мил. евра за услугите на Бенега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.