Наполи победи против упорната Болоња, Милан повторно со пресврт до бодовите

Фудбалерите на Наполи во Неапол победија во мечот од 19-то коло на италијанското првенство против Болоња со 3:2, зацврстувајќи се на второто место на табелата.

Наполитанците двапати беа во водство, со головите на Милик во 15 и 52 минута, но Болоња двапати се враќаше преку Сантандер во 37 и Данило во 80 минута. Две минути пред крајот, Мартенс со шут од дваесетина метри му ја донесе победата на Наполи.

Во водство е Јувентус со 53 бода, Наполи е втор со 44, а Интер е трет со 39 бодови. Болоња е пролетта ќе ја чека во зоната на испаѓање, 18-та е со 13 бодови.

Во последниот дуел од колото Милан повторно со пресврт на домашен терен дојде до победа од 2:1 над СПАЛ. Гостите од Ферара поведоа со голот на Петања во 13 минута, а во 16 минута израмни Кастиљехо, Во 64 минута Милан дојде до целосен пресврт, а погоди Гонзало Игуаин. За Аргентинецот ова е прв гол за „росонерите“ по 866 минути и 12 натпревари. Во 89 минута домашните останаа со играч помалку, поради вториот жолт картон на Сусо, откако претходно гостите имаа две извонредни шанси, но не погодија. Во третата минута од судиското продолжение Џанлуиџи Донарума со чудесна интервенција го одбрани ударот на Фареса од близина со глава.

Милан сега е петти со 31 бод, а СПАЛ остана на 16-то место со 17 бодови.