Наполи поразен во Фиренца, Јуве повторно на плус четири

Napoli's Raul Albiol (II from R) and Jose Maria Callejon (R) react during the Italian serie A soccer match ACF Fiorentina vs SSC Napoli at Artemio Franchi stadium in Rome, Italy 29 April 2018. ANSA/MAURIZIO DEGL' INNOCENTI

Фудбалерите на Наполи, кои минатото коло во Торино во големото дерби за титулата го совладаа Јувентус намалувајќи ја бодовната разлика на само бод, во неделата доживеаја вистинско фијаско кај Фиорентина и по поразот од 0:3 се чини го губат чекорот кон врвот.

Стрелецот на победничкиот гол против Јувентус во 90 минута, Калиду Кулибали веќе во 8 минута од дуелот против Фиорентина беше исклучен и го доведе својот клуб во тешка ситуација. Домашните умееја да ја искористат предноста, а трократен стрелец беше Џовани Симеоне, во 34, 62 и третата минута од судиското продолжение.

Во саботата Јувентус во лудиот меч со Интер во Милано го загуби раното водството во второто полувреме, но со двата гола во последните пет минути повторно го презема водството и победата од 3:2.

Во ова 35-то коло од италијанското првенство Удинезе во последната минута на гостувањето кај последниот Беневенто ги загуби трите бода и одигра 3:3. Удинезе сега е на три бода од зоната за испаѓање и во преостанатите три кола ќе има тешка задача.

Милан на гости ја совлада Болоња со 2:1, а Сампдорија беше подобра од Каљари со 4:1. Претпоследната Верона е сѐ поблиску до испаѓање од Серија А, бидејќи загуби од СПАЛ со 1:3. СПАЛ сега е на 17-то место, еден бод повеќе од зоната за испаѓање.