Наполи продолжува во ЛЕ благодарејќи на Елмас, му се придружија Спартак, Ренџерс и Сосиедад

Во второто по квалитет континентално натпреварување Лига Европа во четвртокот вечерта групната фаза ја минаа Наполи, за кој два погодока постигна македонскиот репрезетнативец Ељиф Елмас, московски Спартак, Реал Сосиедадт и Ренџерс.

Во Групата А, Лион и Ренџерс одиграа 1:1, а со тој резултат и двете екипи ја минаа групната фаза. Лион го освои првото место, Шкотите се втори. Во другиот меч од овоја група Спарта во Прага го совлада дански Бронбди со 2:0, но остана трета.

Во групата Б во директната пресметка за второто место во Сан Себастијан, Реал Сосиедад со 3:0 го совлада холандски ПСВ Ајндховен. Монако од претходно го имаше обезбедно првото место во групата, а во последниот дуел одигра 1:1 на гостувањето кај Штурм.

Најинтересно беше во Групата Ц каде што сите четири екипи имаа шанси да одат натаму.

Во Неапол, англиски Лестер Сити допатува без седум играчи а најзаслужен за победата на Наполи беше двојниот стрелец Елмас. Македонскиот репрезентативец во 24 минута го искористи одличното додавање на Ди Лоренци за да ја удвои предноста на домашните, а во 53 минута по вторпат го совлада Каспер Шмајхел за конечните 3:2.

Драматично беше во Варшава каде што московски Спартак ѝ се реваншираше на Легија и ја совлада дома. Полскиот тим во судиското продолжување имаше колосална шанса да ги елиминиа Русите, но по ВАР досудениот пенал ударот од белата точка на Пекхарт во 98 минута го одбрани гостинскиот голман Селиков.

Во Групата Д сѐ беше решено од претходно, па последното коло мина без драматика. Ајнтрахт е прв во групата а во последното коло одигра 1;1 кај Фенербахче, додека Олимпијакос о 0:1 беше поразен кај Антверпен но остана втор.