Наполи со невообичаена забрана за натпреварот со Манестер Сити

Раководството на италијанскиот претставник Наполи воведе невообичаена забрана за навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварот во Лигата на шампионите против англиски Манчестер Сити.

На навивачите кои ќе носат ремени нема да им биде дозволен влез на стадионот „Сао Паоло“ во Неапол. Оваа одлука дојде како резултат на судирите меѓу навивачите на двата клуба за време на дуелот во Англија на 17-ти октомври.

Тогаш група навивачи на Наполи извршија инвазија на еден локален паб, мавтајќи со ремени кои се користеа како средство при тепачката, по која млад приврзаник на Сити добил сериозна повреда на главата, а италијански навивач доби затворска казна од пет месеци поради нападот.

Натпреварот Наполи – Сити се игра во среда навечер со почеток во 20,45 часот.