Наполи со победата против Лацио го презема врвот на Серија А, Елмас асистент

Napoli's Lorenzo Insigne celebrates with teammates, Napoli's Eljif Elmas and Napoli's Victor Osimhen after scoring, during the Italian Serie A soccer match between Lazio and Napoli at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 27 February 2022. ANSA/FABIO FRUSTACI

Во дербито од 27-то коло од италијанското фудбалско првенство Наполи на гостувањето во Рим го победи Лациот со 2:1 и го презема врвот на табелата.

Наполи до многу важните три бода диојде со прекрасниот гол на Фабиано Руиз од работ на шеснаесетникот во четвртата минута од судиското продолжение на мечот. Така тимот на Личиано Спалети на најдобар начин ги искористи киксевите на Милан и Интер кои во оваа коло ремизираа во дуелоте со Удинезе односно Џенова.

Гостите од Неапол поведоа на „Олимпико“ во 62 минта со голот на Лоренцо Инсиње, кој беше проигран од македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас кој само пет минути претходно го замени Пјотр Зелински. Лацио израмни во 88 минута со голот на Педро Родригез со фантастичен удар од шеснаесеттина метри. Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, Руиз по асистенција на Инсиње погоди за победа.

Другиот румски клуб Рома беше поуспешна и на гостувањето ја совлада Специја, а решавачкиот погодок го постигна Томас Абрахам од пенал во шестата минута од судиското продолжение на мечот. Домашните од 45 минута играа без исклучениот Келвин Амиан.

Верона во „дерби дел Венето“ со 3:1 ја победи Венеција, остварувајќи ја четвртата победа во последните шест кола. Сите три гола за домашните ги постигна Џовани Симеоние во 54, 53 и 88 минуита, додека за гостите погоди Давид Окереке во 81 минута.

За Симеоне овва е 15-ти гол сезонава и е третиот стрелец во Серија А зад Душан Влаховиќ со 20 и Чиро Имобиле со 19. Воедно 26-годишниот напаѓач е моментални најефикасниот Аргентинец во сите пет најсилни европски лиги.

Торино загуби дома од Калари со 1:2. Поведе Калјари во 21 минута со погодокот на Раул Беланова, домашните израмнија во 54 минита преку Андреа Белоти, но сепак гостите дојдоа до важните бодови со голот на Алесандро Деиола во 62 минута.

На табелата Наполи го презема водството со 57 бодови, колку што има и Милан на второт место но со послаба гол-разлика. На третото место е Инте со два бода но и меч помалку.

Јувентус е четврти со 50 бдоови, Аталанта со два натпревара помалки има 44 бодови, а следат Рома со 44 и Лацио со 43 бодови.