Наполи спаси кожа во Велс, само 20 минути за Пандев

По неколку очекувани, но и по неколку неочекувани резултати ќе бидат запаметени првите 1/16 финални натпревари од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Фудбалерите на италијанскиот калчолигаш Наполи не го исполнија даденото ветување дека ќе забележат позитивен резултат во првиот дуел против англискиот премиерлигаш Свонси, но ремито без погодци на Островот со право им дава надеж на избраниците на Рафа Бенитез дека ќе ја исполнат зацртаната цел, пласман во следната 1/8 финална рунда од ЛЕ.

“Сега мораме да ја искористиме предноста на домашниот терен, мораме да победиме и да избориме пласман во следната рунда. Свонси нема да се врани на гостувањето во Италија, убеден сум дека ќе одиграат офанзивно. Имаме тежок противник, одличен тим и од индивидуална и од колективна гледна точка. Ќе биде неизвесно и на реванш дуелот на “Сан Паоло”, изјави тренерот на Наполи, Рафа Бенитез.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев и овој натпревар го стартуваше од клупата за резерви, но доби шанса да ги одигра последните 20 минути од натпреварот.

Резултати: Анжи – Генк, Черноморец – Лион 0:0, Днипро – Тотенхем 1:0, Динамо К. – Валенсија 0:2, Ејсберг – Фиорентина 1:3, Јувентус – Трабзонспор, Либерец – АЗ Алкамр 0:1, ПАОК – Бенфика 0:1, Ајакс – Салцбург 0:3, Порто – Ајнтрахт 2:2, Лацио – Лудогорец 0:1, Макаби – Базел 0:0, Марибор – Севилја 2:2, Бетис – Рубин 1:1, Свонси – Наполи 0:0, Виторија П. – Шахтјор 1:1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.