Наполи супериорен кај Каљари

Фудбалерите на Наполи ја зголемија предноста на врвот од табелата на италијанското првенство во однос на второпласираниот Јувентус, благодарејќи на убедливата победа од 5:0 (2:0) на гостувањето кај Каљари во средбата одиграна во рамките на 26-то коло во понеделникот вечерта.

Десеттата последователна победа во Серија А, наполитанците ја остварија со головите на Каљехон во 29, Маретнс во 43, Хамшик во 61, Инсиње во 73 од пенал и Марио Риу во 90 минута.

Наполи сега има 69 бодови, додека вториот Јувентус остана на 65 бидејќи неговиот меч од ова коло со Аталанта во неделата беше одложен поради снег. Каљари, пак, остана 14-ти со 25 бодови.