Наполи тоне, дома поразен од Фиорентина

Фудбалерите на Наполи го претрпеа и третиот последователен пораз во италијанското првенство, откако во саботата на свој терен беа поразени од Фиорентина со 0:2 во рамките на 20-то коло.

За гостите од Фиренца стрелци беа Федерико Киеза во 26 и Душан Влаховиќ во 74 минута. Со втората последователна победа по осумте претходни дуели без победа, Фиорентина со 24 бодови го презема 12-то место од Наполи, кој по четвртиот пораз во последните пет натпревари има ист број бодови.

Сасуоло на домашен терен со пресврт го совлада со 2:1 Торино. Гостите дојдоа во водство во 21 минута со автоголот на Мануел Локатели, а во вториот дел домашните дојдоа до трите бода преку Жереми Бога во 62 и Доменико Берарди во 74 минута. Сасуоло сега се зацврсти на 15-то место со 22 бодови, додека Торино остана на 27 бодови, со кои привремено е на 8-то место.

Во првиот меч од саботната програма Лацио ја продолжија својата рекодна серија во италијанското провенство на 11 последователни победи, со супериорната победа од 5:1 на свој терен против Сампродија.

Во високата победа на римскиот стадион „Олимпико“ најмногу придонесе хет-трикот на Чиро Имобиле, кој погоди во 17, 20 и 65 минута а првиот и третиот гол го постигна од „белата точка“. За Лацио погодина и Фелипе Клајседо во 7 и Баштуш во 54 минута. За гостите од Џенова голот го постигна Карол Линети во 70 минута, а четири минути подоцна од игра без исклучен Јулијан Шабо.

„Небесносините“ со денешниот триумф имаат 45 бодови, и се на третото место на табелата со еден бод помалку од второпласираниот Интер и три помалки од водечкиот Јувентус, Сампдорија со 19 бодови, пак, е привремено на 16-то место, едно над местата кои водат во понизок ранг.

Во недела се играат натпреварите: Милан – Удинезе, Болоња – Верона, Бреша – Калјари, Лече – Интер, Џенова – Рома и Јувентус –Парма, а во понеделникот колото ќе го заокружи дуелот меѓу Аталанта и СПАЛ.