Наполи минимално со Фиорентина, нов кикс на Интер и потоп на Фросиноне

Во првите три натпревара од четвртото коло на фудбалското првенство на Италија, фаворитот Наполи оствари победа потешко од очекуванот, а Интер кој има голем амбции уште еднаш потклекна пред своите гледачи

Стрелец на победничкиот гол за Наполи против Фиорентина беше во 79 минута Лоренцо Инбсиње.

Интернационале дома беше надигран од Парма со 0:1 и има само четири бода од исто толку натпревари. Стрелец за повратникот во првата лига беше бекот Федерико Димарко, кој во 79 минута постигна ефектен гол од 27 метри.

Сампдорија дури со 5:0 го декласираше Фросиноне на негов терен. Стрелци беа Кваљареља во 10, Капрари во 47, Дефреи во 54 и 86, и Ковнацик во 83 минута од пенал.

Во недела играат Рома – Киево, Јунветнус – Сасуоло, Удинезе – Торино, Џенова – Болоња, Емполи – Лацио и Калјари – Милан, а во понеделник колото го затвораат СПАЛ и Аталанта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.