Направил 48 деца, а се жали дека не може да најде девојка

Донатор на сперма, кој досега има 48 деца, а уште 10 или 11 допрва треба да се родат, се бори да ја најде љубовта на својот живот – признавајќи дека повеќето жени губат интерес откако ќе дознаат со што се занимава.

Кајл Горди, 31-годишен од Лос Анџелес ја нуди својата сперма на самохрани мајки, лезбејски парови, како и сопрузи и сопруги кои не можат да зачнат свои деца.

Своите услуги, кои се бесплатни, ги промовира на социјалните мрежи и наместо во банка за сперма, спермата ја дава директно на жени, пишува Јутарњи.хр.

Тој објаснува дека некои луѓе не сакаат да одат во банка за сперма затоа што донаторите таму се анонимни, што значи дека новите родители нема да знаат ништо за личноста чии гени ќе ги носат нивните деца, па наместо тоа се обраќаат кај него.
Досега, во последните осум години, тој им помогна на десетици жени да станат мајки, но неговата дарежливост го чини љубовен живот.

– Десет години немам девојка. Секогаш пред сѐ им кажувам на жените што правам и во тој момент тие стануваат незаинтересирани, признава тој. – Ми велат дека разбираат дека сакам да им помагам на жените, но не сакаат некој кој веќе има деца со други жени. Тоа не им се допаѓа, посочува Кајл.

Сè започнало пред осум години, кога лезбејска двојка што ја познавал изразила  желба за дете, но тие биле загрижени да земат сперма од банка, бидејќи нема да ја знаат историјата на таткото.

– Ним им беше непријатно што нема да знаат ништо за биолошкиот татко, дури ни од каде потекнува. Затоа разговаравме, а јас им реков „слушајте, со задоволство ќе ја донирам спермата, дури и детето да знае кој му е татко ако сака“. Две недели подоцна една од двете жени му кажала дека е бремена и го носи неговото дете, пишува Јутарњи.хр.

Откако им помогнал да започнат, рекол дека сѐ повеќе жени почнале да контактираат со него преку интернет, и така почнал.

– Помогнав да се создадат многу семејства, навистина го работам ова и го работам сериозно, вели тој.
Кајл помина низ генетско тестирање, тестирање за СПБ, како и анализа на спермата. Покрај тоа, тој не пие алкохол и се обидува да јаде органска храна за да се осигура дека неговата сперма е во врвна состојба.

Објаснува дека не наплаќа ништо за неговите услуги и дека тоа што го прави го става во ризик – бидејќи технички е законски татко на детето, мајката може да побара од него да плаќа издршка во секое време.

-На крајот на краиштата, сето тоа да го побараат од мене, веднаш ќе банкротирав, сѐ базира на доверба, вели тој. Тврди дека досега добил многу грди коментари и мејлови.

„Луѓето ми велат дека не треба да го правам тоа и дека не треба да имам деца вонбрачно, туку да се женам. Но, јас им велам, слушајте, го почитувам вашето размислување, но на овие жени им треба помош“.