Направиле сообраќајка во Кондово, па се истепале

На 02.07.2022 во Полициското одделение Сарај било пријавено дека околу 18:45 часот во с.Кондово, скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ј.(31) и М.Ј.(27), двајцата од с.Долно Свиларе, од една страна и Б.Ф.(32) од с.Кондово, од друга страна.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.