Напредокот во преговорите за косовската криза, договор не е постигнат

Преговарачите во техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина во средата во Брисел не успеаја да постигнат договор за решение на кризата во северниот дел од поранешната српска јужна покраина, но дипломатски извори тврдат дека е остварен напредок но не и целта,.

Кризата ја предизвика ја примената на уредбата на албаските власти во Приштина за одземање за ставање на привремени регистерски таблички со косовски ознаки на возилата кои доаѓаат од Србија, надвор од договор од 2011 година кој е продолжен во 2016 година. Но уште повеќе кризата доби драматични размери затоа што непризнаетите власти на северот на Косово населен доминантно со Срби испратија неколку стотици тешко воружени припадници од паравоената специјална единица ROSU по што локалното население ги блокираше двата административни премина кон Србија.

Веста за напредокот ја објави на Twitter американскиот амбасадор во Беград, Ентони Фодри, оценувајќи дека „сега е времето да се постигна целта“.

„Работата не е завршена, но е постигнат добар напредок. Страните мора да бидат флексибилни и да продолжат да работат за да доведат до целта. Сега е времето“, напиша Годфри на што во Белград веројатно ќе реагираат поради отфрлањето на повикот за „двете страни“, зашто оценуваат дека вината за кризата лежи во нелегалниот потег на Приштина.

Информациите кои од Брисел ги пренесуваат белградските и приштинските електронските медиуми се разликуваат, бидејќи главните преговач на албанската косовска страна Бесник Бислими тврди дека на состанокот е постигна начелен диоговор и дека се очекува согласнот од Белград.

Главниот преговарач на српската страна Петар Петковиќ не даваше изјава за медиумите, а од српската делегација не можеле да потврдат дали разговорите во Брисел ќе бидат продолжени и во четврток.

Претходно од српската делегација за агенцијата Tanjug изјавиле дека никаков договор со приштинската страна не е постигнат во текот на преоврите во средата вечерта.

Бислими по состаникот со специјалниот претставник на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, за новинарите изјави дека нема да има трилетарална средба на сите страни, но дека наводно е договорте нацрт од три предлога кои предвидуваат повлекување на силите на ROSU, распоредува на силите на меѓународната мисија КФОР и за отстранување на административните премини.

Тој тврди дека е постигнат нацрт-договор за „деескалација на ситуацијата на северот на Косово и Метохија“ и дека се очекува одобрување од Белград, пренесуваат српските медиуми.

Според овој договор, како што рекол, КФОР во саботата ќе биде распореден на премините Јариње и Брњај, а потоа би следело повлекување на косовските специјалци, како и отстранување на барикадите на премините.

Договоро предвидувал и од понеделник Белград и Приштина да корстат налепници наместо да ги менуваат регистерските таблички во двата правца, што според него, е привремено решението бидејќи треба да биде формирана работна група која ќе усогласи трајно решение за слободното движење на возилата во двата смера.

Вислими рекол дека во текот на денот имало повеќе состаноци со Лајчак, како и дека претставникот на ЕУ посредувал меѓу двете страни.

„Нашата цел беше јсна, да постигнеме деескалација и да одржиме реципроцитет со регистерските таблички“, изјавил приштинскиот преговарач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.