Наредба од директорката на МЦСР на Град Скопје: Задолжително присуство на трибина на СДСМ за Карпош со список со потписи на вработените

Навиките тешко се менуваат а сите се удираат во гради за демократијата и колку се демократски настроени, ама сето тоа важи за по избори. А пред избори, паѓа наредба, присуството е задолжително на партиски трибини, состаноци и митинзи. Најновата е од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, односно на директорката Наташа Станојевиќ.

Таа „најљубезно“ ги повикувала на трибината на СДСМ во Карпош на 11 октомври во спортската сала „Борис Трајковски во Скопје, на која учествувале Зоран Заев, Петре Шилегов и Душко Весковски.

„За колешките кои сега се приклучија, присуство задолжително, чекам потврда дека ќе дојдете“, пишува Станојевиќ во порака на Фејсбук и додава:

„Јас ги пренесов насоките дека единствено оправдување е болест. По завршувањето на средбата списоците со ваши потписи треба веднаш да ги предадам.

Списоците ќе одат во централа“.

Понатаму во продолжение откако следуваат неколку потврди со ОК, директорката нагласува:

„Значи ок, подразбира сигурно доаѓање, ве чекам со список кој треба да го предадам. Оправдување за недоаѓање е само ковид. Чекам потврди секој писмено“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.