По наредба на Трамп замрзнат целиот имот на Венецуела во САД

34

До сега тоа е најстрога санкција од американската администрација, кон владата на Николас Мадуро

Претседателот Доналд Трамп нареди замрзнување на сите средства на владата на Венецуела во САД. Тоа до сега се најстроги санкции за владата на Николас Мадуро. Од администрацијата во Каракас засега нема реакција.

Сепак, од администрацијата на Мадуро ја отфрлија неодамнешната најава на претседателот Трамп дека Венецуела ќе ја блокира или ќе ја стави под карантин.

Мадуро рече дека намерата на американскиот претседател за блокада е нелегална. Тој додаде дека ќе побара од венецуелскиот амбасадор во Обединетите нации да го извести Советот за безбедност за, како што истакна, криминалната закана од Трамп кон Венецуела.

Русија и Куба веќе испратија свои сили во Венецуела како поддршка на Мадуро.

САД беа првата земја што го призна Хуан Гуаидо како легитимен претседател на Венецуела, откако тој самиот, како лидер на парламентот, го прогласи Мадуро за нелегитимен шеф на државата.

Колапсот во енергетскиот систем, корупцијата и неуспешните политики ја ослабнаа Венецуела, која важеше за земја со силна економија и богата со нафта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.