Наредба за евакуација на 5,6 милиони луѓе на Флорида, Хозе им се заканува на Антили а Катја на Мексико

Американските власти повикаа на евакуација на ,6 милиони луѓе на Флорида на којашто ѝ се приближува ураганот Ирма, кој повторно ја достигна највисоката 5–та категорија, објавија надлежните служби,

Наредбата за евакуација опфаќа 5,6 милиони луѓе, објави Управата за кризни ситуации, што е околу 25 отсто од населението на оваа американска сојузна држава. Претходно наредбата за евакуација беше издадена за околу милиони жители на Флорида, а стотици илјади возила создадоа метеж на двата автопати на овој полуостров.

„Ова е катастрофална бура, таква каква што оваа држава никогаш порано не доживеала“, изјави гувернерот на Флорида, Рик Скот. Гувернерот, исти така, ги повика сите кои престојуваат или живеат на островите Флорида Ки, кои први ќе бидат на удар, да ги напуштат своите домови.

Локалните власти предупредија дека „ниедно место нема да виде сигурно“ во овој архипелаг, омилена туристичка дестинација на југот од Флорида. „Не е сигурно дека ќе биде можно да се преживее за кој и да се најде на архипелагот Флорида Ки“, изјави Ед Рапапорт, директорот на Американскиот национален центар за урагани (NHC).

Ираганот Ендрју кој го разори поголемиот дел од југот на Флорида во 1992 година „беше ураган од категоријата 5, но многу мал, компактен, во споредба со она што нѐ очекува со Ирма“, потсети шефот на Американската агенција за управување со вонредни ситуации Брок Лонг.

Ирма би требало да стаса до Флорида во недела наутро преки островите Флориа Ки, пред да го погоди Мајами со ветар со јачина од 240 километри час. Потоа на патот на ураганот ќе се најдат и сојузните држави Џорџија и Јужна Каролина

Доаѓајќи им на помош на сојузните и локалните власти, американската воена морнарица во петокот најави дека од пристаништето Норфлок во Вирџинија ќе го испрати носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“, еден разурнувач и уште два брода, 300 луѓе и 27 хеликоптери кои по потреба треба да даде медицинска, поморска, логистичка и безбедносна помош за погоденото население.

Додека Флорида со стравувања го очекува налетот на Ирма кој ги мина карипските острови на нив сега им се заканува новиот ураган Хозе.

Откако најмалку 19 луѓе смртно настрадаа во текот на минувањето на Ирма преку неколкуте карипски острови, ураганот дојде до Куба рано во саботата, со налети на ветер од 260 километри на час, според Американскиот национален центар за урагани (NHC).

Пред доаѓањето на Ирма, обилни дождови се излија на островот каде од предострожност се евакуирани милион луѓе. Во туристичките зони на северниот брег на Куба повеќе од 10.000 странски туристи и неколку илјади домашни се превезени на безбедни локации, а во главниот град Хавана е прогласена тревога.

По Ирма, ураганот Хозе кој во петокот порасна на категоријата 4 со ветер со јачина од 240 километри на час, што е речиси колку и при категоријата 5, им се заканува на Антилите. Отровите Свети Мартин и Свети Бартоломеј одново се во црвена тревога од ураган.

Третиот, малку послаб ураган Катја, се движи кон мексиканскиот брег. Неговите ветрови достигнале брзина од 155 километри на час, со што прераснува во ураган од втората категорија. Во текот на викендот, кога според прогнозите треба да го погоди копнениот дел на Мексико, ураганот Катја би можел да достигне сил ана голем ураган.