Наредена масовна евакуација во Тајланд по експлозија во хемиска фабрика

Илјадници жители на периферијата на тајландската престолнина Бангкок се евакуирани во понеделникот, а пожарникарите со часови се справуваат со пожарот избувнат по експлозија на фабрика за хемиски супстанции, при што загинал еден спасител а повредени се уште 29 лица.

Жителите на провинцијата Самутпракан, кои живеат во радиус од пет километри од фабриката, евакуирани од претпазливост поради можна втора експлозија.

„Во фабриката сѐ уште има големо количество хемикалии, до 60 тони, кои не можат да бидат отстранети во услови на пожар. Пожарот може да се приближи во секој момент, а можна е и втора екслозија“, соопшти полицијата.

Локалните власти објавија дека 70 куќи се оштетени, а пожарникарите го гаснеле пожарот најмалку девет часови од експлозијата која се случила во поенделникот утрото. Причината за експлозијата сѐ уште не е утврдена.

„Во првиот момент ми се стори дека е молња. Потоа слушнав гласен удар и куќата се тресеше одредено време како да е земјотрес“, изјавил локалниот живот Бајтонг Нисарат.

Фабриката за експандирана полистиренска пена е на околу пет километри од главниот меѓународен аеродром „Суварнабуми“ во Бангконг. Операторот на аеродромот објави дека екслозијата не го нарушило работењето.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.