Наркодилер ранил двајца полицајци, се крие во минско поле во БиХ

Полицијата го лоцирала во саботата наркодилерот кој се криел на минирано подрачје на северот од Босна и Херцеговина меѓу Добој и Маглај, откако во петокот застрелал двајца полицајци во Добој.

Мустафа Хасанбашиќ, кој е во бегство а по него е распишана потерница, во петокот со истрели од пиштол ранил двајца полицајци кои го запреле при редовна сообраќајна контрола. Потоа побегнал и по него е организирана потеера.Неговиот соработник Бенјамин Чосовиќ е уапсен.

Според министерството за внатрешни работи на Добојско-зеничката жупанија, Хасанбашиќ бил лоциран во областа меѓу градовите Добој и Маглај којашто е минирана, поради што е отежната неговото апсење. Полициските патроли се распоредени на бројни локални патишта, се додава.

Според медиумите, Хасанбашиќ од претходно ѝ бил познат на полицијата, бидејќи неговото име веќе било објавувано на потерници поради трговија со дрога и избегнување отслужување други казни. Наводно бил осуден и за убиство во 1997 година во швајцарски Цирих.