Народе македонски, време е да ја дигнеме Македонија на нозе!

ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира, ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за способните, младите, старите, работниците, селаните, талентираните, за секого. За оние кои сакаат да ни се придружат. Нека боите црвена, црна и жолта, бидат знакот по кој се препознаваме. Новиот лик и новата енергија нека биде промената која ве повикува да ни се приклучите. Вашиот пристапување и поддршка ќе значи поддршка за стабилност, економски просперитет и напредок, ова денеска го потенцираше Христијан Мицкоски на протестниот марш во Битола.

-Ова е Македонија во која веруваме. Ова е Македонија на слободни луѓе за која се вложуваме себеси, сите ние од тимот кој одлучил дека беспоштедно ќе се бори за заедничката иднина. И секој еден кој сака да ја гледа државата како напредува ќе биде вклучен во тимот! Тимот кој ќе ја носи Македонија вистински во нови победи и подобар живот за сите. Бидејќи еден живот имаме. Народе Македонски, време е да ја дигнеме Македонија на нозе. Време е за подобри времиња. Време е да му ставиме крај на ова зло. Време е Македонија да победи. За Македонија која ќе победи во економијата, во здравството, во спорот, за Македонија која ќе биде држава на среќни граѓани, со иднина за младите и стабилност за семејствата, за Македонија која е исправена и горда, истакнува Мицкоски.

Тој додава дека нашите во Крушевскиот манифест пред 115 години напишаа: Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата  челат и пречелат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!… Стани Македонијо! Станете Македонци, граѓани на оваа земја, сега е времето кое пишува историја. Стани Македонијо, со верба, со чест и достоинство. Твоето име нека се слуша громогласно, и силно. Сега секој еден од вас е потребен, ова е часот, ова е тоа време. Стани Македонија од секој град и село, од секое маало и улица  со сета своја сила и убавина. Ние сме тука за тебе. Македонија нема друг избор освен победа. Македонија била и ќе биде! Македонија ќе победи, Да сте живи и здрави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.