Народна банка ја зголеми осовната каматна стапка на 3 отсто

Народната банка  ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 отсто на 3 отсто.Банката ги зголеми и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,5 отсто и тие сега изнесуваат  0,90  односо  0,95 отсто.

Како што соопшти банката, при носењето на одлуката беа земени предвид движењата кај инфлацијата, којашто и во август се зголемуваше, но поумерено.

„Овие измени би придонесле за натамошно поттикнување на штедењето во домашна валута, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките во корист на понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни производи“, соопшти НБ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.