Народна банка го приземји Заев, 2020 година најлоша по странски инвестиции

Македонија ја заврши 2020 година со вкупни странски инвестиции од околу 240 милиони евра. Само во четвртиот квартал нето приливите изнесувале 95,3 милиони евра, објави вчера Народната банка. Ова е многу лош резултат, ако се споредува со минатите години. Дотолку повеќе што бројките се катастрофални, а и не се реални бидејќи тие бројки ги билдаат најповеќе приливите од меѓукомпаниски долг, велат од Народната банка.

Според ВМРО-ДПМНЕ главна причина за отсуство на инвестиции во една земја е корупцијата и криминалот на власта, а со Заев Македонија стана најнесреќната, најсиромашната и најкорумпираната држава во Европа.

Во 2020 година во Македонија имало помалку странски директни инвестиции во споредба со Србија, Бугарија и Албанија. По глава на жител за 9 месеци минатата година во Македонија влегле 58 евра, во Бугарија речиси двојно, во Албанија и Србија 4 и пол пати повеќе. Ова покажува каква неспособна и криминална власт ја води државата, поради која странските инвеститори бегаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И „Радио Слободна Европа” – медиум кој е финансиран од американските даночни обврзници, во анализа за странските инвестиции во Македонија се вели дека годинава е убедливо најлоша во овој сегмент во последниве 8 години. Со анализата целосно се урива позицијата на премиерот Заев која се пофали дека власта има 35 странски инвестиции и дека чека 12 нови. Бројките се сосема спротивни на тоа што го зборува премиерот, пишува РСЕ.

Дали променетата на стратегија за привлекување инвестиции се причината за послабиот резултат во привлекувањето на странските инвестиции? Што го промени трендот? Затоа што сепак, дел од искуствата од соседните земји особено од Србија покажуваат дека интерес од странски вложувања има. Таму речиси секојдневно дел популистички, но дел и ефективно стасуваат најави за конкретни инвестиции.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Македонија изгуби десетина странски инвестиции заради неспособната власт на премиерот Зоран Заев. Странските инвестиции, наместо во нашата држава завршија во Србија, Бугарија и Албанија.

-Со оваа Влада на Заев ги изгубивме „Леони”, „Априв Пакарт”, „ЗФ”, „Адиент”, „Римастер” и „ВОС”, „ЈАНГФЕН” и „Јура” како и многу други, изјави на прес конференција Николоски.