Народна банка: Негативните ефекти на здравствената криза врз економијата се поумерени

22

Со почетокот на вакцинацијата за заштита од ковид-19 се зголеми оптимизмот кај економските субјекти во однос на очекувањата за глобалниот раст на среден рок. Сепак, и понатаму постои високата неизвесност, како и ризици поврзани со развојот на пандемијата и нејзиното времетраење, велат од Народната банка.

– Во однос на економската активност во четвртиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот октомври-ноември 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни – стои во соопштението.

Стапката на инфлација во домашната економија во 2020 година се задржа на ниско и стабилно ниво од 1,2% што е речиси во целост согласно со нашите проекции.

– Девизните резерви во 2020 година остварија раст и се за околу 100 милиони евра повисоки од нашите проекции, одржувајќи се во сигурната зона. Натамошен солиден годишен раст на вкупните депозити и вкупните кредити во 2020 година. Кредитната активност е во рамки на очекувањата, додека кај депозитите се оценува надминување на проекцијата – велат од Народна банка.

Согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходните оцени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.