Народна банка: Се ослободуваат 8 милијарди денари за кредитирање на економијата

Народната банка денеска на аукција ќе понуди  благајнички записи во износ помал за 8 милијарди денари во споредба со аукцијата спроведена во март.

Како што соопшти Народната банка, ослободените средства во износ од околу 130 милиони евра се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.

„Преземањето на ваквиот чекор од страна на Народната банка следува по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со коишто се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со коишто се ослободува дополнителна ликвидност и му се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата“ велат од Народната банка.

Отаму додаваат дека обезбедувањето дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот од пандемијата на ковид-19 и мерките коишто се преземаат за справување со него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.