Нарушување во железничкиот сообраќај во Австрија по бурата

Австриските железнички врски се прекинати во петокот, ден по смртоносните бури кои зафатија дел од Европа и предизвикаа големи штети.

Возовите не сообраќаат во австриските сојузни покраина Корушка и Штаерска, откако ветровите со брзина до 140 километри на час собориле електрични столбови.

Возовите од Виена до Венеција се пренасочени преку Салцбург, а прекинати се регионалните возови, објавија австриските железници.

Во петокот е повторно отворен автопатот А2, претходно затворен поради паднати стебла и прекин на струјата во тунелите.

Две деца загинаа во четвртокот, а десетина лица се повредени, некои од нив тешко, при паѓања на стебла крај езерото кај Сент Андри во Корушка.

„Нѐ погоди сосема неочекувано“, рекол очевидец за весникот Kleine Zeitung.

Полицијата објави дека уште три жени загинале во текот на планинарење во Гаминг во Долна Австрија, откако врз нив паднало стебло.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.