НАСА ги објави најпопуларните фотографии во 2017-та

Американската агенција за вселенски истражувања NASA ги рангираше најпопуларните фотографии објавени на нејзиниот акаунт на Instagram во текот на 2017 година.

Во листата се вброени десет фотографии кои најмногу им се допаднале на корисниците на социјалната мрежа, а сите фотографии се комбинирани во видео и објавени на YouTube.

Водечка во рангирањето е фотографијата од затемнувањето на Сонцето, овековечено над езерото Каскејд. На второто место е линијата направена од уште едно затемнување со Мечината која „проголтува“ Сонцето. Третото место на најпопуларните го зазема фотографијата на Земјата ноќе, направена од астронаутот на NASA, Марк Томас Вадде Хејем од Меѓународната вселенска станица.

Претходно вселенската агенција ги покажа кадрите од Марс во зима, направени од автоматската меѓупланетарна станица Mars Reconnaissance Orbiter.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.