NASA им плаќа на волонтери 16.500 евра за излежување и гледање ТВ

Американската агенција за вселенски истражувања NASA ќе им плати на волонтерите 16.500 евра да минат два месеца во кревет за да им помогнат на научниците да го намалат ефект од вселенскотото патување врз астронаутите и иако тоа можеби изгледа како најпосакувана рабнота, помислата на постојаното лежење не е толку примамлива.

Дваесет и четири жени и мажи ќе бидат поделени во две групи и сместени во една соба. Од нив ќе се бара сѐ што прават тоа да го прават во лежечка позиција, од тоа така да јадат до извршување на физиолошките потреби. За тоа, секој од волонтерите ќе добие по 16.500 евра.

Волонтерите ќе имаат телевизор, ќе може да читаат и да се занмимаваат со други активности, а да не им биде здодевно. Учесниците во ова истражување ќе лежат во креветите два месеца за да се утврди како летот во Вселената влијае врз човечкиот организам и телото, пишува во четвртокот британскиот весник The Sun.

Станува збор за заедничко проучување на американска NASA и Европската вселенска агенција (ESA), коешто ќе биде спорведено во Германскиот вселенски центар (DLR).

„Оваа студија ќе ни овоможи да се занимаваме со прашањето на мускулната атрофија која ја предизвикува бестежинската состојба, но и други појави кои предизвикуваат стрес, како што се космичкото зрачење, изолацијата и просторните ограничувања… Различните ризици за здравјето на астронаутите мора да се намалат на најмалата можна мера, за вселенските мисии да бидат можни“, рекла шефицата на истражувањето при ESA, Џенифер Нго-Ан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.