НАСА ја прекина соработката со Русија поради Украина

Соединетите Американски Држави ги прекинале контактите меѓу НАСА и нејзиниот руски пандан, Роскосмос, поради ситуацијата во Украина, пишува Раша тудеј.

Во меморандумот на НАСА стои дека ќе продолжи само тековната соработка на Меѓународната вселенска станица.

„Оваа суспензија ги вклучува патувањата на НАСА во Русија и посетите од страна на руски владини претставници во објекти на НАСА, билатерални средби, електронска пошта, и телеконференции или видеоконференции“, пишува О’Брајан.

На меѓународната вселенска станица во моментот се наоѓаат тројца Руси, двајца Американци и еден Јапонец.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.